Едно од најинтересните првенства во Европа е тоа во Португалија, каде што градските ривали Спортинг и Бенфика водат голема битка за освојување на титулата. По 29 одиграни кола, двата гиганти од Лисабон имаат по 69 бода, но Спортинг е лидер поради подобрата гол-разлика.
Бенфика беше прва пред ова коло, а синоќа на својот стадион „Луж“ играше против аутсајдерот Ароука. Водеше Бенфика со 1:0 благодарение на голот во 60-тата минута. Сепак, дека фаворитот нема да стигне до посакуваните три бода, беше најавено во 72-рата минута, кога беше досуден пенал за гостите, а Ароука израмни на 1:1.
Бенфика повторно поведе, овојпат со 2:1 со голот на Павлидис во 79-тата минута и се чинеше дека домашните фанови среќни ќе си заминат по овој меч. Сепак, во 90+5 минута Ароука изведе контранапад и успеа да го шокира фаворитот, постигнувајќи гол за 2:2.
Со ова реми Бенфика ја загуби челната позиција на табелата, а може да биде и клучен за да не ја освои титулата на крајот од сезоната. Погодокот кој ги шокираше сите фанови на Бенфика може да го видите ТУКА.