Шок за Евертон, може да му бидат одземени бодови!

Англиската Премиер лига побара независна комисија да почне истрага по обвинувањето против клубот Евертон за нарушување на финансискиот ферплеј.

Карамелите се осомничени дека го прекршиле финансискиот ферплеј во сезоната 2021/2022, кога купија дури 11 нови играчи. Десет месеци биле „чешлани“ финансиите на клубот, и има сомнежи за „матни работи“.

Ако Евертон биде прогласен за виновен, им се заканува сериозна санкција, која вклучува и одземање на бодови. Ако им бидат одземени бодови, Сините од Ливерпул кои се 15-ти со само два бода над зоната на испаѓање, може да останат без место во англиската елита, и преселба во Чемпионшип.

Во ноември 2021 година, на Дерби Каунти му беа одземени девет бодови заради нарушување на правилата по истата точка за која е осомничен и Евертон.

Од Евертон објавија дека се разочарани и изненадени, и најавија дека жестоко ќе се бранат.

- Оглас -

Најнови вести