Шок за европскиот првак: Албанците поведоа по само дваесетина секунди (ВИДЕО)

Дебитантот Албанија има водство против актуелниот европски првак Италија, и тоа веќе во првата минута од дуелот во Дортмунд.

Недим Бајрами е стрелец на погодокот кој донесе огромна радост за фановите на Албанија.

Димарко изведе аут, направи грешка, топката брзо беше пренесена до Бајрами кој откосо од десната страна шутираше во првиот агол и успеа да го надмудри Донарума.

Сепак, Италија брзо се врати и стигна до израмнување во 11.минута, со голот на Бастони.

- Оглас -

Најнови вести