Претседателот на ПСЖ и на телевизиската групација „Бејн спортс“, која ги откупи правата за Светското првенство, Насер Ал-Келаифи би можело да добие двегодишна затворска казна поради корупција.
Предлогот Насер да биде казнет со затворска казна од 28 месеци го даде швајцарското обвинителство, кое побара и три години затвор за некогашниот главен адвокат на ФИФА, Жером Валке. Ова е првпат во Европа за ваков прекршок да се бара затворска казна.
Валке, кој некогаш беше втор човек во ФИФА, со помош на Ал-Келаифи, летото 2003 година купил луксузна вила од 5 милиони евра на островот Сардинија, и тоа во период кога компанијата на Ал-Келаифи била во преговори за добивање на правата за Мундијалите во 2026 и 2030 година за територијата на Северна Африка и Средниот Исток. Во април 2014 година беше објавен договорот на ФИФА и „Бејн спортс“.