Кристијано Роналдо ги шокираше фановите на Манчестер јунајтед, по барањето да биде продаден ова лето. Доколку стигне адекватна понуда за неговите услуги, клубот треба да ја почитува неговата одлука и да го пушти да си замине од „Олд трафорд“.
Ексклузивната информација ја објави „Тајмс“, со тврдење дека главната причина е што Црвените ѓаволи нема да играат во Лигата на шампионите следната сезона. Рекордерот по бројот на голови и со пет европски титули не планира на 37 години да го пропушти сезона во најелитното клупско натпреварување.
https://twitter.com/TimesSport/status/1543248285850370050
Веќе е покажан интерес за потписот на Роналдо, пред сè од ривалот на Јунајтед, Челзи, додека Баерн Минхен ја отфрли опцијата за ангажман на ексѕвездата на Реал Мадрид. Рома исто така застана во редот, додека самиот Кристијано неодамна изјави дека еден ден ќе се врати во Спортинг Лисабон, неговиот матичен клуб, па можеби ова е моментот.