Шок за гејминг-сферата: „ФИФА 21“ од Бејл направи просечен играч (фото)

Новото издание на мегапопуларната видеоигра „ФИФА 21“ треба да излезе во продажба на почетокот од октомври. Во меѓувреме се обелоденуваат оценките на најголемите фудбалски ѕвезди, а има и едно големо изненадување.

Имено, креаторите на фудбалската симулација која е достапна на сите гејминг-платформи го направи Герет Бејл просечен играч. Велшанецот доби оценка 79, што е голем шок за љубителите на „ФИФА“ ако се знае дека ѕвездата на Реал Мадрид своевремено беше еден од највисоко оценетите фудбалери на видеоиграта со оценка 90.

Инаку, Лионел Меси повторно доби највисока оценка пред Кристијано Роналдо, 93, мегаѕвездата на Јувентус е оценет на 92, а во топ-5 уште се Облак, Нејмар и Де Бројне со оценки 91.

- Оглас -

Најнови вести