Шок за Интер: Лукаку нема да игра на дербито против Милан

Ромелу Лукаку има повреда на бутниот мускул и поради тоа нема да може да игра во големото дерби за Интер против Милан, кое се игра в сабота. Од Интер потврдија дека Лукаку е повреден, а дека по дополнително направените прегледи ќе се знае колку точно ќе паузира белгискиот репрезентативец.

Во првите три меча од новата сезона Лукаку даде само еден гол, но секако дека неговото искуство би било многу значајно. Се очекува Лукаку да не биде подготвен ниту за почетокот на групната фаза од Лигата на шампионите кога следната недела Интер игра против Баерн Минхен.

На местото на Лукаку се очекува во стартниот состав да биде Един Џеко.

- Оглас -

Најнови вести