Шок за Камерунците, една од ѕвездите на тимот е отстранета поради недисциплина (Фото)

Андре Онана денеска нема да брани за Камерун, а иако таинствено, се шпекулира дека една од ѕвездите на африканската репрезентација е отстранета од тимот поради недисциплина.

Онана бранеше на првиот меч на Мундијалот во Катар против Швајцарија, во поразот од 0:1, но не беше виновен за примениот погодок, па сигурно тоа не е причината за остранувањето од составот за дуелот со Србија што ќе се игра од 11 часот.

На голот на Камерунците денеска ќе биде Девис Епаси, а не е објаснето што сторил Онана и за каков прекршок се работи.

https://twitter.com/TheEuropeanLad/status/1597150398611353602?s=20&t=ZqgijdPdzJyQjCdERYy5hQ

Дуелот меѓу Камерун и Србија е прв од второто коло во Г групата, а еве ги и составите на двете селекции.

- Оглас -

Најнови вести