Шок за Косово пред историскиот бараж за пласман на СП 2026

Фудбалската репрезентација на Косово за прв пат во својата историја ќе игра бараж меч за пласман на Светското првенство. На 26 март Косово ќе гостува кај Словачка во полуфиналето од баражот, а победникот ќе игра со подобриот од Турција и Романија. Само најдобрата селекција од овие четири ќе биде дел од Мундијалот.

Во пресрет на стартото на подготовките, лоши вести стигнаа за националниот тим на Косово. Една од најголемите ѕвезди на Косово, Леон Авдулаху кој настапува во германскиот бундеслигаш Хофенхајм заработи повредана мускулот. По направените детални прегледи, лекарите констатираа дека Авдулаху ќе мора да мирува во следните неколку недели, што значи дека нема да може да настапи на историскиот дуел против Словачка.

Младиот 22-годишен Авдулаху има пет настапи за Косово, а неговата моментална цена на фудбалскиот пазар се проценува на 17 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести