Шок за кумот на Ристовски – Тешка повреда ќе го одвои 8 месеци од терените

Марко Вешовиќ му се случи голем малер на мечот меѓу Легија и Сласк и се повреди тешко, по што ќе мора долго да паузира.

Кумот на нашиот репрезентативец Стефан Ристовски има напукнати вкрстени и латерални лигаменти на коленото, што е една од најтешките повреди во спортот, а се повреди без контакт со противнички фудбалер.

Најавено е дека Вешовиќ ќе ја проушти оваа и дел од следната сезона, а паузата би можела да биде и цели 8 месеци.

Со Ристовски, црногорскиот играч настапуваше заедно во Риека и беа дел од златната генерација на клубот што успеа во сезоната 2016/17 да ја освои првата шампионска титула, а патем и за првпат во клупската историја да ја освои и двојната круна со триумф во Купот.

Легија е лидер во полската Екстракласа, а останаа да се доиграат шест кола, во кои Вешовиќ нема да може да помогне да се задржи предноста од 10 бода пред актуелниот првак Пјаст.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести