Италијанскиот калчолигаш Рома утрово донесе изненадувачка одлука да го отпушти тренерот Даниеле Де Роси. Во јануари оваа година Де Роси седна на клупата на Рома откако дојде од второлигашот СПАЛ. Со Даниеле на чело, Рома стигна до шестото место во Серија А, но за малку испушти да се пласира во Лигата на шампиони.
Од Рома најавуваа дека со доаѓањето на Де Роси, започнува еден долгорочен проек во клубот, па затоа на 25 јуни Волчицата му го продолжи договорот на тренерот, кој е и играчка легенда на тимот од „Олимпико“.
Сепак, утрово челниците на Рома објавија дека Де Роси добил отказ и тоа поради слабите резултати по првите четири кола во новата сезона. Волчицата стартуваше со три реми и еден пораз.
„Даниеле во клубот секогаш ќе биде дочекан како да е дома. Од срце му се заблагодаруваме на работата која ја правеше во изминативе месеци“, стои во соопштенито на Рома.
Де Роси како фудбалер во дресот на Рома одигра 616 натпревари, постигна 63 голови, а имаше и 61 асистенција.
🚨 BREAKING: AS Roma have sacked Daniele De Rossi. 👋
(Source: @OfficialASRoma ) pic.twitter.com/VtnuLkX1JV
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 18, 2024