Шок за Лејкерс, Дончиќ е посериозно повреден и може да не се врати до крајот на сезоната

Најдобриот играч на Лос Анџелес лејкерс и најдобар стрелец во НБА лигата оваа сезона, Лука Дончиќ има повреда од втор степен на тетивата на коленото што значи дека има делумно напукнување и ќе му треба подолг период на пауза. Докторите велат дека има добро и лошо сценарио за тоа кога Словенецот би можел да се врати на теренот.

„Дончиќ во најдобар случај би можел да се врати за три недели, но да бидеме пореални и предвидувањата се дека ќе отсуствува меѓу четири и шест недели. Со оглед на тоа дека плејофот започнува за две недели, тоа значи дека сигурно ќе ги пропушти сите средби до крајот на регуларниот дел од сезоната и почетокот на плејофот. Можно е сезонава да се врати на теренот, но секако дека минутажата би му била ограничена“, вели докторот Џеси Морс.

Лејкерс сезонава имаат биланс од 50 победи и 27 порази и до крајот на сезоната имаат да одиграат уште пет меча. Главна цел ќе им биде да го зачуваат третото место на Западната конференција каде се наоѓаат во моментов. предивидувањата се дека сигурно ќе го пропушти првиот круг од плејофот, а најверојатно и вториот, што значи дека може да значи Дончиќ да сезонава да отсуствува до крајот на сезоната, во зависност од резултатите на Лејкерс.

Додека Лејкерс мака мачат со тоа како ќе играат без Дончиќ, од тимот на Минесота објавија дека одлучиле да го повлечат дресот со бројот 21 во чест на Кевин Гарнет, нивниот најдобар стрелец, скокач, асистент, крадец на топки и блокер во клупската историја. Од Минесота потврдија дека Гарнет ќе присуствува во Таргет центар арената на 12 април, кога навивачите ќе може да го поздрават во последниот меч од регуларниот дел сезонава.

Резултати: Шарлот – Индијана 129:108, Филаделфија – Минесота 115:103, Бруклин – Атланта 107:141, Њујорк – Чикаго 136:96, Хјустон – Јута 140:106, Мемфис – Торонто 96:128, Милвоки – Бостон 101:133, Далас – Орландо 127:138, Сакраменто – Њу Орлеанс 117:113.

- Оглас -

Најнови вести