Езџан Алиоски несмасно реагираше по само 60-на секудни игра во вториот дел, а грешката ја искористи Кшиштоф Пјонтек, за предност на Полска од 1:0 против Македонија.
Во 46. минута играчот на Лидс, наместо напред преку себе ја врати топката назад во петерецот, а Пјонтек, кој влезе во игра на самиот почеток на вториот дел по првиот допир ја смести топката во мрежата на Столе Димитриевски.
За Полјаците ова беше прв удар во рамки на нашиот гол и веднаш погодија. Пјонтек влезе во игра на местото на Франковски.
https://twitter.com/i/status/1137086258973466624