Шок за Манчестер, го прими вториот најбрз гол во историјата на Премиер лигата на „Олд Трафорд“ (Видео)

Манчестер јунајтед со 13 победи по ред во сите натпреварувања на „Олд Трафорд“ го пречека Лидс, а домашните фанови доживеаја шок уште во првата минута од средбата.

Домаќините изведоа на стартот, но брзо ја загубија топката, а тоа го искористи Гнонто, кој со одличен шут од далечина го матира Давид де Хеа. Точно 56 секунди беа потребни за Лидс да поведе на гостувањето кај Манчестер јунајтед.

Ова е втор најбрз гол што Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ го примил во историјата на Премиер лигата. Во март 2014 година, Един Џеко постигнал гол само по 43 секунди од почетокот на средбата во градското дерби.

 

- Оглас -

Најнови вести