17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Шок за Манчестер сити, може да му бидат одземени бодови, му се заканува дури и исфрлање од Премиер лигата!

Актуелниот англиски првак Манчестер сити се соочува со сериозна казна откако беше утврдено дека во изминативе неколку години клубот прекршил многу правила на финансискиот ферплеј.

Сити е водечки клуб посебно по трошењето пари откако во изминативе неколку години доведе голем број скапи засилувања. Сепак, тие скапи засилувања сега може уште поскапо да го чинат клубот, откако било утврдено дека постојат неправилности и прекршување на финансискиот ферплеј.

Дури четири години траела истрагата, а сега кога е завршена, Сити може драстично да биде казнет.

Дел од медиумите во Англија шпекулираат дека поради овие финансиски прекршоци, Сити може да биде казнет со одземање бодови, а најекстремните се дека клубот може дури да биде исфрлен од Премиер лигата.

Во Топ 5 лигите, сезонава со одземање бодови поради неправилно работење веќе е казнет Јувентус (одземени му беа 15 бодови), а тоа им се заканува и на некои други клубови.

 

- Оглас -

Најнови вести