Шок за Меси од организаторот кој ја доделува „Златната топка“

Лионел Меси е главен фаворит за в понеделник на гала свеченост во Париз да ја добие рекордната осма „Златна топка“ која традиционално ја доделива фудбалскиот магазин „Франс Фудбал“. Оваа награда традиционално се доделува уште од далечната 1956 година, а Меси е рекордер со седум вакви одличја.

Со очекување Меси по осми пат да биде прогласен за најдобар во светот, организаторот на ова престижно признание потенцираше дека сосема поинаква ќе била листата на освојувачи, доколку од почетокот важело правилото дека наградата може да ја добијат и фудбалери кои не се од Европа. До 1995 година оваа награда ја добиваа само европски играчи, а Жорж Веа беше првиот неевропски фудбалер кој го доби ова признание. Од таа година, во трка за „Златната топка“ учествуваа фудбалерите од цел свет.

Доколку органзиаторот на „Златна топка“, доколку од самиот старт во изборот учествувале фудбалери од целиот свет, ова признание дури седум пати ќе завршело во рацете на легендарниот Бразилец Пеле. Пресметките се дека Пеле би бил освојувач на „Златната топка“ во 1958, 1959, 1960, 1961, 1963, 1964 и 1970 година.

Тоа значи дека Пеле би имал седум Златни топки колку што сега има Меси и Аргентинецот не би бил единствен со седум вакви одличја. Бидејќи Пеле никогаш немал шанса да добие „Златна топка“, тој во 2014 година доби почесна „Златна топка“ од страна на организаторот.

„Имам толку многу награди, трофеи и признанија, но морам да признам дека бев љубоморен затоа што ми недостасуваше Златната топка. Во тоа време не ја добив затоа што не играв во Европа, а во Јужна Америка немавме ваква награда. Сега сум му благодарен на Бог затоа што веќе ги имам сите трофеи. Ви благодарам многу“, рече Пеле кога го доби почесното признание пред девет години.

- Оглас -

Најнови вести