Златан Ибрахимовиќ вчера во дербито против Рома се здоби со повреда на бутниот мускул од левата нога, по што ќе паузира околу две недели.
Ова е тежок удар за Милан ако се знае дека точно за 10 дена екипата ќе го одигра првиот дуел против Манчестер јунајтед во осминафиналето во Лигата на Европа, а на тој меч Ибрахимовиќ нема да се појави на теренот против својот поранешен тим.
Покрај дуелот со Црвените ѓаволи, Златан во меѓувреме нема да игра против Удинезе на Илија Несторовски на 3 март, како и против Верона четири дена подоцна.
За десетина дена Ибрахимовиќ повторно ќе оди на прегледи, по што големи се шансите да не игра во дербито против Наполи на Елиф Елмас, кое е закажано за 14 март.