Шок за навивачите на Јунајтед: Раководството одлучи, Тен Хаг останува тренер!

Навивачите на Манчестер јунајтед очекуваа дека денес ќе биде голем ден за клубот, бидејќи раководството имаше состанок на кој се одлучуваше за иднината на Ерик тен Хаг. „Црвените ѓаволи“ играат катастрофално, а холандскиот тренер не е најомилената личност за навивачите на Јунајтед.

Сепак, вестите од состанокот се неочекувани. Според информациите на медиумите од Островот, за кои се вели дека се инсајдерски, Ерик тен Хаг ја добил довербата и останува тренер на Манчестер јунајтед. Раководството верува дека од следниот меч, кога на „Олд Трафорд“ гостува Брентфорд ќе започне нова, победничка серија за „црвените ѓаволи“.

- Оглас -

Најнови вести