Кошаркарите на Партизан доживеаја изненадувачки пораз на домашен терен од Баерн Минхен со 78-79 и си ги намалија шансите за пласман во евролигашкиот плејоф. Белградските Црно-бели беа многу блиску до победата, имаа предност од 78-74, но гостите со пеколен финиш и серија од 5-0 дојдоа до победата.
Мечот почна со водство на гостите, но веќе во втората четвртина домашните заиграа според очекуваното и го презедоа водството. Партизан на полувремето отиде со предност од 45-41, а третиот период заврши нерешено.
Домашниот кошаркар Пантер, со 22 поени беше најефикасен на натпреварот, додека во победничката екипа Франциско постигна 20 поени.