Шок за Партизан: Црно-белите водеа до 86 минута, а на крајот изгубија со гол примен во последната секунда (Видео)

ОФК Београд приреди изненадување откако со 3:2 славеше над Партизан во меч од 8 коло на српската Суперлига. По овој резултат, ОФК се искачи на второто место на табелата со 16 бодови, три помалку од лидерот Црвена ѕвезда која има 19 бодови од седум одиграни средби. Партизан остана на 11 бодови од шест дуели.

Поразот на Партизан е шокантен ако се знае дека Црно-белите водеа со 2:1 до 86 минута. Потоа ОФК израмни на 2:2 со гол од пенал, а арбитарот потоа покажа дека ќе се играат дополнутелни пет минути судиско надополнување. Во 95 минута и 17 секунда, односно во полследниот напад, ОФК со голот на Стојилковиќ стигна до 3:2 и победа над фаворитот.

Во следното коло Партизан на свој терен ќе игра против вечниот ривал Црвена ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести