Шок за Реал: Алаба ќе мора да ја заврши кариерата со само 33 години?!

Репрезентативецод на Австрија и член на Реал Мадрид, Давид Алаба, е надвор од фудбалските терени од декември минатата година. Иако се предвидуваше дека ќе се рехабилитира од повредата на лигаментите на колетото до оваа есен, сепак, поради компликации неговото враќање беше одложено за месец февруари следната година.

Најновите вести од Шпанија се дека тој нема да се врати на фудбалските терени најмалку до октомври следната година. Имено, фудбалерот на секој поголем напор чувствува големи болки и воопшто не може да тренира, а лекарите велат дека причина за тоа е истрошеното колено.

Сето ова би значело дека Алаба може да ја заврши фудбалската кариера со само 33 години, а Реал Мадрид да остане без квалитетниот дефанзивец.

- Оглас -

Најнови вести