Килијан Мбапе има мускулна повреда поради која ќе треба да паузира околу три недели, и тоа значи дека нема да игра в недела вечер на градското дерби против Атлетико Мадрид.
Мбапе е прв стрелец на Реал сезонава, има серија од четири натпревари по ред на кои дава гол, и неговото отсуство ќе биде хендикеп за Кралскиот клуб на тешкото гостување кај Јорганџиите.
Францускиот напаѓач нема да игра против Атлетико, Лил (меч од Лигата на шампиони) и Виљареал, а ќе ги нема ни во репрезентацијата на Франција во следната репрезентативна пауза. Тој на терен треба да се врати против Селта на 19-ти октомври.