Поради војната во Украина, „Сантијаго Бернабеу“ нема да биде готов уште една година!

Најтрофејниот шпански клуб Реал Мадрид речиси три години работи на реконструкција на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“. Додека траеја главните градежни работи на стадионот, Кралскиот клуб своите мечеви на домашен терен ги играше на помошниот стадион „Алфредо ди Стефано“.

Реал се врати во својот дом, но стадионот и оваа сезона постојано беше под градежни активности, а дел од трибините беа затворени. Иако се очекуваше до крајот на оваа година стадионот комплетно да биде реновиран, тоа нема да се случи. Претседателот на клубот, Флорентино Перес откри дека рекинструкцијата е одложена и ќе трае до мај 2023 година, односно речиси уште една цела година.

„Стадинот ќе биде готов пред крајот на следната сезона. Кога започнавме со реконструкцијата, стартуваше и пандемијата, а сега дојде и војната во Украина, а тоа влијаеше на две работи. Недостаток на материјал и зголемени цени. Сепак, ние сме во процес на решавање на проблемите и среќни сме поради тоа“, рече Перес.

Ако сега работите одат според новиот план, Реал Мадрид комплетно реновиран „Сантијаго Бернабеу“ ќе има за почетокот на сезоната 2023/24.

- Оглас -

Најнови вести