Шок за Шкендија: Пелистер со три бода големи колку Шар Планина си замина од Тетово (Видео)

Дуелот помеѓу Шкендија и Пелистер во Тетово имаше неочекуван епилог, откако битолчани успеаја да си заминат со цел плен, со три бода големи колку Шар Планина.

Пелистер славеше со 1-2 на „Градски стадион“ во Тетово против актуелниот шампион на Македонија и не само што дојде до значајни бодови во борбата за опстанок, туку му направи и услуга на најголемиот ривал, Вардар, во борбата за титулата.

Стефан Спировски во 37-мата минута го донесе Пелистер во водство од 0-1, откако одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник.

Сепак, радоста на битолчани траеше само шест минути, бидејќи Бесарт Ибраими во 43-тата минута израмни на 1-1.

Студен туш за гледачите во Тетово во 92-рата минута, кога Вилдан Керим постигна гол за 1-2 и победа на Пелистер.

Шкендија останува на 58 бода, колку што има и Вардар на врвот од табелата, додека Пелистер сега има 25 поени и се искачи на деветтата позиција.

- Оглас -

Најнови вести