Шок за Шкендија, Уге ја анулира предноста на тетовци

Шкендија прави од готово вересија и губи со 0:1 по првото полувреме на реванш дуелот од стартното квалификациско коло во Лигата на шампионите против Номе Калју.

Со голот на италијанскиот интернационалец Максимилијано Уге во шестата минута, популарните „Пинк Пантери“ од Талин водат со 1:0, резултат со кој првиот меч во Естонија го доби Шкендија.

Уге искористи грешка во одбраната на фаворитот и ја смести топката зад грбот на Костадин Захов. Сега е израмнето 1:1 во вкупен скор, а секој нареден примен гол ќе значи проблем за Шкендија на патот на очекуваниот пласман во следната рунда и двомеч веројатно со Селтик.

- Оглас -

Најнови вести