Удинезе загуби дома од Сампдорија со 1-3, иако водеше со 1-0, и во финишот даде втор гол за 2-2 кој беше поништен. Илија Несторовски беше повлечен од игра во 53-та минута, а неговиот партнер од нападот на Удинезе, Кевин Лазања даде гол, па нормално беше што нашиот репрезентативец беше испратен на клупата, а не Лазања. Лазања е во одлична форма, има шест гола после паузата, и во Серија А во овој период повеќе голови од него има само Кристијано Роналдо.
Првиот погодок за Самп го даде ветеранот Фабио Кваљарела, на кого тоа му е 163-ти погодок, и се искачи на 17-тото место на вечната листа на стрелци.
Вреден бод освои Лече на гостувањето кај Калјари, но жолто-црвените сега се во зоната на испаѓање, со еден бод помалку од Џенова, и сето ова најавува интересен финиш во последните шест кола од италијанската лига.
Голема драма имаше во Парма, каде гостите од Болоња водеа со 2-0 и веројатно веќе почнаа да ја слават победата, кога Куртиќ и Инглезе во 93-та односно 95-та минута дадоа голови за конечни 2-2.
Фиорентина во 96-та минута даде гол за 1-1 против Верона.