Шок за Сити: Клучен играч се повреди на неколку часа пред финалето (видео)

Ужасно лоши вести доби Пеп Гвардиола на околу пет часа до финалето во Лигата на шампионите каде што неговиот Манчестер сити ќе се сретне со Челзи на „Драгао“ во Порто.

Илкај Гундоган се пожали на болки во бутниот мускул на последниот подготвителен тренинг во пресрет на мечит за европската титула, што е голем проблем за Граѓаните бидејќи германскиот играч за врска беше најавен како стартер.

Гвардиола ќе мора да ја менува тактиката доколку до вечер Гундоган не покаже знаци на подобрување по интервенцијата на лекарскиот тим.

https://twitter.com/mcfctj_/status/1398305914067816453

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести