Репрезентативниот голман на Србија, Предраг Рајковиќ мора да оди на операција. Ова го потврдија од тимот на Ал Итихад, каде брани Рајковиќ. Од Ал Итихад потенцираат дека Рајковиќ мора да оди на опсрацина на препоните и таа ќе биде извршена во вторник.
„Повредата ја здоби на мечот од полуфиналето во Купот на кралот против Ал Шабаб, а медицинскиот штаб одлучи дека во првиот слободен момент треба да се изврши операција. Временскиот период за опоравување ќе биде во консултација на хирургот и медицинскиот тим“, стои во соопштението од тимот од Саудиска Арабија.
📝| Rajkovic to Undergo Surgery Tuesday 🩺 pic.twitter.com/Bu4ko2I34d
— Al-Ittihad Club (@ittihad_en) May 31, 2025
Поради оваа повреда рајковиќ нема да може да брани за Србија на дуелите против Албанија во Тирана на 7 јуни, како и на мечот кој ќе биде три дена подоцна, а на кој Србија на свој терен ја пречекува Андора.