Карлос Алкарас доживеа неочекуван пораз во 16-финалето на турнирот во Синсинати од Монфилс и тоа со пресврт. Сребрениот од ЛОИ во Париз го започна мечот според планот и го доби првиот сет со 6-4, но во продолжение од натпреварот следуваше вистински шок за шпанскиот тенисер.
Монфилс го доби вториот сет со 7-5 во тај-брејкот, откако беше нерешено 6-6, а потоа и третиот сет со 6-4 и за противник во осминафиналето ќе го има Каспер Руд од Данска.
Во четвртфиналето веќе се пласираше Јаник Синер, кој без борба го доби мечот со Томпсон од Австралија, кој се откажа.