Абердин и Глазгов ренџерс одиграа неверојатен меч кој долго ќе го паметат сите што го гледаа, гостите победија со 3-2 во меч од шкотската Премиер лига, а тие беа во негатива до 95-тата минута.
Абердин може да жали што не победи, но големите клубови знаат да победуваат и кога не го заслужуаат тоа и кога изгледа дека нема шанса да победат. Резервистот Арфилд беше јунак на Ренџерс, тој ги даде головите за пресврт во 95-тата и 97-мата минута.
Македонецот Бојан Миовски, кој е прв стрелец на Абердин, вечерва не даде гол, а играше од првата до 64-тата минута.