Герет Бејл денеска пристигна во Лондон за повторно да го облече дресот на Тотенхем. Реал и Тотенхем се договорија на едногодишна позајмица, но веднаш се случи проблем.
На стандардните лекарски прегледи кои се прават при доаѓање на нов играч, било забележано дека Бејл е повреден. Играчот кој дремеше на клупата на Реал се повредил за време на репрезентативните обврски со Велс кои ги имаше на почетокот на септември.
Некогашниот најскап играч во светот, по седум години се врати во Тотенхем, а според првичните прогнози ќе мора да паузира во следните четири недели. Тоа значи дека англискиот премиерлигаш на гостувањето кај Шкендија во Скопје следниот четврток ќе биде без големата ѕвезда која пристигна од Реал Мадрид.