Шпанскиот фудбалер Саул Њигес имаше договорено трансфер од Атлетико Мадрид во Трабзонспор, вечерва требаше да замине во Турција на лекарски тестови и за да потпише четиригодишен договор, но се случи голем пресврт и овој трансфер е откажан.
„Не се случи поради некои лични причини. Се надевам дека нашите патишта еден ден повторно ќе се вкрстат“, напиша Саул, кој додаде и срциња во боите на Трабзонспор.
Искусниот Саул минатата сезона играше како позајмен од Атлетико во Севилја.
Се огласија и од Трабзонспор.
„Нашиот клуб веќе некое време преговараше за трансферот на Саул Њигез, а постигнат е писмен договор помеѓу клубот и играчот. Финансиските детали исто така беа договорени на задоволство на двете страни. За денес го договоривме патувањето на играчот во Трабзон, вклучувајќи ги медицинските прегледи и официјалните потписи. Сепак, играчот конечно нè информира дека ја повлекол својата одлука, наведувајќи семејни причини. Со оглед на оваа ситуација, процесот на трансфер на Саул е запрен“.