7.8 C
Skopje
петок, 30 јануари 2026

Шок за Црна Гора: Пораз од аутсајдерот и елиминација од Евробаскетот

Кошаркарската репрезентација на Црна Гора е елиминирана од Евробаскетот откако загуби со 89-83 од Велика Британија. На Црногорците им беше потребна победа против селекцијата која до пред овој меч ги загуби сите натпревари, но сега забележа победа и ќе ги чека резултатите од другите натпревари за евентуален пласман во осминафиналето.

Мечот започна очекувано и Црна Гора брзо дојде до предност од осум поени разлика, но Британците се вратија и на првата мини пауза заминаа со негатива само од еден поен. Во втората четвртина следуваше комплетен пресврт и Велика Британија со водство од 42-48 замина на полувремето.

Од тој момент, па сè до крајот на натпреварот, Црна Гора само еднаш имаше водство, и тоа во финишот кога поведе со 81-80, но следуваше серија од 5-0, а потоа и од 4-0 на Велика Британија за прва победа на Европското кошаркарско првенство.

Убедливо најефикасен кошаркар на мечот беше Никола Вучевиќ со 31 поен, додека во победничкиот состав најмногу поени уфрли Мајлс Хесом, 25.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести