Шок за Црвена ѕвезда: Монако со целиот плен си замина од Белград

Кошаркарите на Црвена ѕвезда изненадувачки загубија на домашен терен од Монако со 76-82 во третото евролигашко коло. Екипата од Франција без победа и два порази пристигна во Белград, но тоа не ги спречи да дојдат до голема победа.

Црвена ѕвезда започна одлично и според планот, го доби првиот период со убедливи 23-14, но тука како да застанаа домашните кошаркари. Во продолжение од мечот на паркетот постоеше само една екипа, онаа на Монако. Гостите од Франција во вториот период само го намалија водството на Црвено-белите, а во третата четвртина направија комплетен пресврт и дојдоа до водство, кое успеаја да го сочуваат до самиот крај на мечот за прва победа во новата сезона на Евролигата.

Најефикасен во екипата на Монако беше Џејмс со 18 поени, додека, ако е за некаква утеха, Црвена ѕвезда го имаше најпрецизниот кошаркар на теренот, Литванецот Гиедраитис со 20 поени.

- Оглас -

Најнови вести