Шок за Винисиус: Карло Анчелоти му ја одзема „десетката“?!

Дресот со број 10 предизвикува големи полемики во Бразил, а Винисиус е во шок, откако и селекторот, но и легендарниот Роналдо, изјавуваат дека враќањето на Нејмар во репрезентацијата е реалност, а значи и дека тој ќе ја добие „десетката“.

Ова посебно добива на значење поради фактот дека Винисиус има акумулирани жолти картони, па ќе го пропушти следниот натпревар. Анчелоти не ја исклучува можноста да го повика Нејмар, доколку тој е потребното ниво, а Роналдо најавува дека токму фудбалерот на Сантос ќе биде еден од клучните играчи на „кариоките“.

Винисиус ја доби десетката откако Нејмар се повреди и не беше дел од селекцијата на Бразил, а сега е под закана да му биде одземен бројот кој го носи и во Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести