Одбојкарскиот тим на рускиот олимписки комитет приреди изненадување во првото полуфинале со победата над Бразил со пресврт од 3-1 во сетови (18-25, 25-21, 26-24 и 25-23). Златните Кариоки од Рио нема да го бранат медалот иако важеа за први фаворити на одбојкарскиот турнир во Токио.
Се чинеше дека Бразил ќе избори ново финале откако поведе по првиот добиен сет со сигурни 25-18, но Русите најдоа сили и ги освоија наредните три сета за пласман во големото финале, каде што ќе го чека подобриот од дуелот Франција – Аргентина.