Џек Дрејпер го изненади Карлос Алкараз со 7-6, 6-3 во осминафиналето на турнирот во лондонски Квинс, а овој пораз на Шпанецот значи губење на 450 поени и негов пад на АТП листата, и на најновото рангирање Алкараз ќе биде трети, додека Новак Ѓоковиќ ќе напредува од трета на втора позиција.
Алкараз лани го освои Вимблдон, но поразот во Квинс може да значи дека не е во ланската форма на тревната подлога, а ако Шпанецот не го освои гренслемот Вимблдон, ќе загуби многу поени и може да има дополнителен пад на АТП листата.