Атланта јунајтед изненадувачки го совлада Интер Мајами со 2:1 во меч од осминафиналето на плејофот во МЛС американската фудбалска лига. Атланта беше тимот кој заврши на деветото место во регуларниот дел и играше дополнителен натпревар против осмопласираниот Монтреал на кој победи на гости на пенали и така се избори за пресметка со најдобриот Интер Мајами.
По првиот меч, Интер Мајами славеше минимално со 1:0, се очекуваше фаворитот да нема проблем и во вториот дуел, но не беше така, па сега ќе мора да се игра трета, решавачка средбаза тоа кој тим ќе оди во следната фаза.
А, дуелот во Атланта почна добро за Интер Мајами. Гостите поведоа во 40 минута со голот на Мартинез по големата грешка на голманот Бред Гизан. И покрај негативата, Атланта не се откажа и прво израмни на 1:1 со голот на Вилијамс во 58 минута, а буквално во последните секунди од мечот, односно во 90+4 минута, Силва погоди за победа од 2:1.
Одлучувачкиот трет меч од оваа плејоф рунда ќе се игра следната недела на теренот на Интер Мајами.