Шокантен пораз на најдобриот снукер играч на сите времиња

Светскиот снукер шампионат остана без најголемата ѕвезда во овој спорт, Рони О’Саливен, откако неочекувано беше елиминиран од Лука Бресел од Белгија. Во „Крусибл театарот“ во Шефилд се случи еден од најнеочекуваните пресврти.

Пред денешната сесија, О’Саливен имаше предност од 10:6 во дуелот кој се бараше снукер играчот што прв ќе стигне до 13. Уште пред да почне дуелот, Бресел беше аутсајдер, но О’Саливен денеска одигра катастрофално, па тоа го искористи Белгиецот, кој успеа да добие седум фрејма по ред и на крајот да слави со 13:10.

За Бресел ова ќе биде прво учество во полуфинале на турнирот во Шефилд, каде што за противник ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Шкотланѓанецот Ентони Мекгил и Си Џиухаи од Кина.

- Оглас -

Најнови вести