Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди, и неговиот клуб Трабзонспор доживеаја неверојатен пораз на гостувањето кај Хатајспор од 3-2 откако имаа водство од 0-2 сè до 72-рата минута.
Трабзонспор дојде во водство во самиот финиш на првиот дел преку Вишча, а на 0-2 зголеми во 62-рата минута преку Онуачу. Сепак, во продолжение од мечот следуваше пеколен финиш на домашните.
Хатајспор намали на 1-2 во 72-рата минута преку Ривас, а во 88-мата Ламкел израмни на 2-2. Конечните 2-3 ги постави Деле-Баширу во 97-мата минута за голема радост на домашната екипа.
Енис Барди ги одигра сите 90 минути за Трабзонспор.