Актуелниот светски првак во снукер, 33-годишниот Киран Вилсон шокантно беше елиминиран уште во првото коло на Светскто првенство во снукер. Иако беше голем фаворит, Вилсон неочекувано загуби со 10:9 од 21-годишниот Леи Пеифан од Кина.
Со порзот на Вилсон, продолжи таканаречената Крусибл клетва која трае од 1977 година, откако се игра Светското првенство во салата „Крусибл“ во Шефилд, а тоа е играчот кој за прв пат ја освоил светската титула, следната година да не го одбрани тронот.
Кинезот Пеифан кој е дебитант на Светско првенство, за да заигра во првото коло, мораше да помине две квалификациски кола, а потоа и да го направи едно од најголемите изненадувања.
KYREN WILSON IS OUT! 🤯
What a performance from Lei Peifan – he stuns the 2024 World Champ 👏#HaloWorldChampionship pic.twitter.com/XakosXNRyJ
— WST (@WeAreWST) April 19, 2025
По завршување на мечот, Вилсон како причина за поразот го обвини квалитетот на снукер масата на која се играше овој дуел.