За време на судењето на обвинетите за смртта на аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона, обвинителот во случајот, Патрисио Ферари, како доказ искористи шокантна фотографија која вознемири многумина, а ќерките на славниот фудбалер, Далма и Џанина, почнаа да плачат во судницата.
На фотографијата се гледа големата „десетка“ со екстремно отечено тело непосредно пред неговата смрт на 25 ноември 2020 година како последица на кардиореспираторна криза.
„Видете, вака умре Марадона. Секој од обвинетите кои тврдат дека не разбрале што се случува со Диего, очигледно лаже. Неговата состојба беше очигледна“, рече Ферари додека ја покажуваше фотографијата во судницата.
Случајот е насочен против целиот лекарски тим кој го лекувал Марадона во последните денови од неговиот живот, со обвинение за предизвикување убиство со можна умисла. Обвинетите се вкупно осум лица, меѓу кои лекари, медицински сестри и личниот доктор што го лечел, неврохирургот Леополдо Луке. Тие би можеле да се соочат со казни од 8 до 25 години затвор доколку бидат прогласени за виновни во случајот.