Шокантна изјава на поранешна шампионка: Одложување на ЛОИ во Токио е божја казна

Поранешната гимнастичарка и двојна олимписка шампионка Светлана Хоркина разочара со својата изјава со која ја шокира спортската јавност.

„Одложувањето на Олимписките игри е еден вид божја казна за нападите врз руските спортисти. Не за џабе во нашата химна се вели дека Господ ја чува Русија. Сепак, ние сме подготвени да им помогнеме на сите. Сега ќе се подготвиме за битка на суд за да ја вратиме Русија на олимписките игри“, изјави Хоркина за „Спорт Експрес“.

Хоркина е легенда во светската гимнастика и има над 50 медали на големите натпреварувања. Таа е двојна олимписка шампионка од Атланта во 1996 година и во Сиднеј четири лета подоцна. Има дури 10 светски злата и неверојатни 13 европски круни, па изјавата се чини не е во рангот на фантастичните резултати и огромниот рејтинг што го има во светот на гимнастиката.

- Оглас -

Најнови вести