Карлос Саинц стигна до третата пол позиција во кариерата, откако имаше најбрзо време во квалификациите на трката за Големата награда на САД. Шпанскиот возач имаше за 65 илјадитинки побрзо време од клупскиот колега Шарл Леклер, кој сепак нема да стартува од првата линија затоа што има казна, па на почетокот на трката, веднаш до Саинц ќе биде Макс Ферстапен кој имаше трето најдобро време во квалификациите.
Непосредно пред да започнат квалификациите за трката во САД, стигна веста за смртта на Дитер Матушич кој беше основач и косопственик на Ред Бул. Дитер почина на 79 години по борбата со тешката болест. Ферстапен вети дека трката во САД ќе биде во чест на Дитер, кој во 1984 година го формираше тимот на Ред Бул.
Според времињата во квалификациите, редоследот на возачите е Саинц, Леклер, Ферстапен, Перез, Хамилтон, Расел, Строл, Норис, Алонсо и Ботас во Топ 10 со најдобри времиња.