Шокантна снимка: ВАР-судијата од Германија – Шпанија се дрогирал по мечот?! (Видео)

Фудбалскиот судија Дејвид Кут, кој е суспендиран од Премиер лигата и УЕФА, се најде во уште поголем проблем откако се појави снимка на која тој во хотелска соба шмрка кокаин, а снимката наводно е направена еден ден по мечот Германија – Шпанија на ЕВРО 2024, каде што тој беше ВАР-судија.

Кут ги оштети Германците кога не сигнализираше дека постои пенал за нив по играњето со рака во 16-никот на Шпанија од стана на Марк Кукурелја.

Инаку, Кут стана „славен“ неодмна, откако на едно друго видео тој кажува погрдни зборови за Ливерпул и нивниот ексменаџер Јирген Клоп.

Кут требаше да суди меч од Лигата на нациите деновиве, но се чини дека неговата кариера е завршена.

- Оглас -

Најнови вести