Шокантна сцена: Навивач од трибината се фрли пред Роналдо, за малку ќе загинеше (Видео)

Страшна сцена се случи по натпреварот Португалија – Грузија (0-2) во последното коло од групната фаза на ЕВРО 2024. Додека Кристијано Роналдо го напушташе теренот кон тунелот на стадионот во Гелзенкирхен, еден навивач буквално долета пред неговите нозе од трибините.

Подоцна се дозна дека се работи за навивач на Роналдо, кој во очајнички обид да се приближи што е можно поблиску до идолот, изврши опасен и налудничав чин.

Тој од трибините се фрли пред Роналдо. Го промаши и падна во длабочината на тунелот.

Со таков скок сигурно се повреди, а можеше да го повреди и Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести