10.8 C
Skopje
петок, 7 ноември 2025

Шокантна вест од Далас – играч кој имаше само 24 години, извршил самоубиство

Далас Каубојс беа потресени од трагедија откако 24-годишниот дефанзивен играч Маршон Ниленд беше пронајден мртов во четврток наутро во Фриско, место веднаш до Далас. Неговата смрт се случи само три дена откако го постигна својот прв тачдаун во професионална кариера.

Веста за смртта на младиот играч ја потврди Далас во соопштение објавено на веб-страницата на клубот.

„Со длабока тага ја споделуваме веста дека Маршон Ниленд трагично почина утрово. Маршон беше сакан соиграч и член на нашата организација. Нашите мисли и молитви се со неговата девојка Каталина и неговото семејство“, стои во соопштението од клубот.

Според извештајот на TMZ, Ниленд бил пронајден во раните утрински часови со прострелна рана, за која полицијата се сомнева дека е самонанесена.

Полицијата во Фриско потврди дека го пронашла кратко по полноќ, откако претходно избегал од полицијата за време на обид за сообраќајна контрола.

Неговото возило излетало од патот и веднаш била започната потрага. Полицијата користела кучиња, дронови и повеќе единици на терен за да го лоцира. По интензивна тричасовна потрага, неговото тело било пронајдено. TMZ објави аудиоснимка од службите за итни случаи како комуницираат со неговата девојка Каталина.

Се вели дека таа ѝ кажала на полицијата дека Ниленд има пиштол и дека има историја на проблеми со менталното здравје. НФЛ, исто така, контактираше со локалната полиција откако Ниленд испрати пораки до неговото семејство со кои се збогува.

Официјалната причина за смртта сè уште не е објавена – таа ќе ја утврди Канцеларијата на медицинскиот испитувач на округот Колин. Трагедијата се случи само три дена откако Ниленд го постигна својот најголем момент во кариерата – неговиот прв тачдаун во НФЛ против Аризона кардиналс.

- Оглас -

Најнови вести