24.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Шокантни снимки: Го прободеа со нож, нападнатиот се обиде да побара помош, но падна и умре додека други ја снимаа неговата борба за живот (Видео)

Шокантни се снимките направени од улица во колумбискиот град Кали, каде ноќеска се играше градското дерби меѓу Депортиво Кали и Америка де Кали. Еден навивач на тимот на Америка де Кали беше убиен сред бел ден, додека од автомобил целиот настан беше снимен.

Навивачи на Депортиво го нападнаа ривалскиот фан, а потоа со нож го избодеа во стомакот. Додека повредениот се обидуваше да побегне, стигна до еден автомобил, побара помош, но неколку секунди подоцна се струполи и умре.

Инаку мечот се одигра и заврши со победа на Депортиво Кали од 2:1. Домаќините водеа со 1:0, гостите успеаа да израмнат, а потоа добија два црвени картони, па фудбалерите на Депортиво со два фудбалери повеќе на теренот успеаа да дадат гол во 91 минута за победа во ова дерби кое имаше трагична увертира.

- Оглас -

Најнови вести