Шокантни сцени во Германија: На голманот му “пукна филмот“ па се тепаше со пубиката (Видео)

Бохум загуби на домашен терен од конкурентот за опстанок, Штутгарт, со 2-3, но овој натпревар го привлече вниманиете со инцидентот кој се случи после мечот. Голманот на Бохум направи кикс при голот на Вагноман во 63-тата минута, што значеше и водство на Штутгарт од 3-1, па следуваа навреди од трибините.

Мануел Риман, голманот на Бохум, како одвај да чекаше судијата да свирне крај на натпреварот и да се упати кон трибината каде следуваше физичка пресметка со еден од навивачите. Во инцидент се вмеша и обезбедувањето, но и други лица.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести