Шокантни тврдења на Ѓоковиќ: „Во Австралија ме труеа со храна!“

Новак Ѓоковиќ од почетокот на годинава се наоѓа во Австралија, каде се подготвува за настапот на првиот Гренд Слем турнир оваа година, но учествуваше и на турнирот во Бризбејн. Србинот даде низа интервјуа, но на последното откри шокантни информации за периодот кога се наоѓаше во имиграциски притвор во Мелбурн во 2021 година.

„Прилично се разболев. Кога поминаа неколку дена откако ме закачи обичен вирус, толку многу паднав, што медицинскиот тим мораше да дојде во станот да ме прегледа. Направив неколку прегледи, а дел од нив беше и токсикологијата. По враќањето сфатив дека ме труеле со храна во тој хотел во Мелбурн. Ова на никој јавно не сум го кажал, но кога се вратив во Србија, открив високо ниво на тешки метали во крвот. Имав високо ниво на олово и жива.“ – вели Новак Ѓоковиќ.

Новинарот продолжи со прашање за вакцината, дали после случката во Мелбурн, одлучил дека треба да се вакцинира.

„Не, мислам дека вакцината не ми беше потребна. Јас сум здрав, се грижам за своето тело и здравје, професионален спортист сум и поради тоа внимавам што внесувам во себе. Редовно правам тестирања. Знам точно што се случува и не чувствував потреба да се вакцинирам. Важно е дека знаев дека не сум опасност за никој, бидејќи имав антитела.“ – додаде Србинот.

За тврдењата на Новак Ѓоковиќ контактирано било и Министерството за внатрешни работи на Австралија, од каде кусо одговориле дека „од безбедносни причини не можат да коментираат поединечни случаи“.

- Оглас -

Најнови вести